вторник, 5 мај 2026

Сосема нов сој на коронавирусот откриен кај ученици во Франција

Објавено на

часот

Сподели

Нов сој на коронавирусот е откриен во училиште во Бретања, Франција, за кој експертите тврдат дека е мутација различна од сите познати варијанти на вирусот, објави француски Ле Телеграм.

Новиот сој се разликува од алфа, бета и делта-варијантата на вирусот, јавуваат француските медиуми. Тој толку бил различен од претходните, што било потребно долго време за да се открие. „Ова одложување беше грешка“, рекол влијателен француски лекар за Ле телеграм.

Досега со новиот сој на вирусот се заразени 24 лица, од кои 18 се ученици, а вирусот првпат се појавил пред еден месец.

Како што се наведува, поради појавата на вирусот, во училиштето биле затворени седум од 12 паралелки.

Во Франција масовно се шири петтиот бран на пандемијата на ковид-19.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ