Според податоците на Франс прес, во Бугарија од 6,9 милиони жители, целосно се вакцинирани 24,2 отсто од популацијата, додека во ЕУ просекот е 68 отсто.
„Бугарија не е остров, таа е дел од Европа“, кажа Бретон и додаде дека земјата може да стане „жариште на пандемијата“, што е „голем ризик не само за Бугарија туку за цел континент“.
Бретон, кој е задолжен за координацијата на снабдување на ЕУ со вакцини против коронавирусот, кажа дека оваа зима стравува од појава на „нова и поотпорна варијанта“ на вирусот во Бугарија, најсиромашната земја во Унијата.
„Ако ништо не направиме, би можеле да имаме бугарска варијанта. Затоа што премногу луѓе не се вакцинирани, а тоа може да предизвика нова варијанта. Тоа би била многу лоша вест за Бугарија, но и за сите нас“, порача еврокомесарот.
Во Бугарија слабиот одзив за вакцинација се должи на недовербата на населението кон властите и напливот на дезинформации.






