сабота, 2 мај 2026

Сиднеј излезе од карантин, објавени првите снимки (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Некои пабови во најголемиот австралиски врат ги отворија врати денес веднаш по полноќ бидејќи многумина излегоа на полноќно пиво, покажуваат телевизиските снимки и сликите на социјалните мрежи.

„Мислам дека сите во целата држава се прилично возбудени поради изминатите 100 дена“, кажа премиерот на државата Нов Јужен Велс Доминик Пероте.

[video:https://youtu.be/Rl4ofIgeUWc autoplay:0]

Повеќе од 5 милиони жители на Сиднеј беа затворени во строг карантин од јуни за да се сузбие ширењето на многу заразниот делта сој на вирусот, кој од тогаш се прошири на Мелбурн и главниот град Канбера, што и во тие градови предизвика строги мерки.

Пероте ги повика граѓаните на Сиднеј да не претеруваат со возбудата околу излегувањето од карантинот и предупреди дека бројот на заразени ќе се зголеми по повторното отворање.

Според ублажените правила, 10 целосно вакцинирани луѓе може да се соберат по домовите, додека 100 може да присуствуваат на венчавки и погреби.

[video:https://youtu.be/3N1p-8BuZc8 autoplay:0]

Малопродажните продавници може да се отворат со намален капацитет додека држава се труди да достигне стапка на вакцинираност од 80 отсто до крајот на октомври, кога дополнително ќе се намалат ограничувањата.

Но, невакцинираните граѓани мора да останат дома до 1 декември.

Државата Нов Јужен Велс, во која е Сиднеј, ги попушти карантинските мерки откако беше постигната целта за вакцинирање на 70 отсто од возрасната популација.

Со вакцинирањето на сè поголем број на жителите, Австралија планира постепено враќање во нормала, па од ноември би дозволила вакцинираните граѓани слободно да влегуваат и излегуваат од земјата.

Австралија во март 2020 ги затвори своите меѓународни граници, поради што бројот на заболените од ковид-19 беше прилично низок – вкупно 127.500 случаи на зараза и 1.440 смртни случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ