сабота, 18 април 2026

Шведска значително ги олеснува мерките

Објавено на

часот

Сподели

„Од четврток па натаму, животот ќе биде малку повеќе како пред пандемијата“, рече во понеделникот во Стокхолм министерката за социјална заштита Лена Халенгрен.

Повторно се дозволени повеќе учесници на настани и демонстрации. Рестораните и баровите може да останат отворени подолго. Покрај тоа, повеќе гости смеат да седат заедно на маса.

Препораката да се носи маска во јавниот превоз е повлечена.

„Заедно, успеавме да го намалиме ширењето на ковид-19 во нашата земја на денешното релативно ниско ниво“, рече генералниот директор на Националниот здравствен комитет Јохан Карлсон.

Во исто време, тој предупреди дека пандемијата сè уште не е завршена.

Педесет и седум проценти од населението сега примило барем една доза вакцина. Секој трет Швеѓанец е целосно вакциниран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ