вторник, 21 април 2026

Шпанија го враќа полицискиот час и другите мерки поради младите луѓе

Објавено на

часот

Сподели

Каталонија и Валенсија, два региони на медитеранскиот брег што се главни жаришта на епидемијата, ги ограничуваат собирите на 10 лица и ги обновуваат ограничувањата на сите активности во текот на ноќта, додека северниот регион од денес ги забрани баровите освен градините и рестораните.

Поради почетокот на летото и забавите организирани со цел да се одбележи крајот на учебната година, бројот на лицата заразени со ковид-19 во Шпанија сега е повеќе од трипати поголем кај оние под 30 години во однос на просекот.

Бројот на заболени на 100.000 жители денес е зголемен на национално ниво на 368 случаи, рече Фернандо Симон, кој го координира одговорот на Шпанија на итни здравствени проблеми.

Тој посочи дека, иако младите пациенти обично не би требало да стигнат до одделите за интензивна нега, голем број случаи на заболени од коронавирусот под 30-годишна возраст полека ја зголемуваат стапката на хоспитализирани.

Шпанија целосно вакцинираше повеќе од 21 милион луѓе или 46 проценти од вкупното население, но само околу 600.000 се на возраст под 30 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ