вторник, 5 мај 2026

Шефот на СЗО: Бустер дозите во развиените земји се скандал

Објавено на

часот

Сподели

„Трета доза или вакцинирање деца немаат смисла додека медицинските работници и луѓето со зголемен ризик од тешко заболување во најсиромашните земји сè уште чекаат на прва доза“, кажа Гебрејесус во Женева.

„Покрај тоа, земјите со највисока вакцинираност продолжуваат да складираат уште вакцини против ковид-19, додека сиромашните земји продолжуваат да чекаат. Секој ден, шест пати повеќе бустер дози се применуваат глобално отколку први дози во сиромашните земји. Тоа е скандал кој мора да престане“, истакна тој.

Земјите низ Европа продолжуваат со кампањите за бустер дози додека четвртиот бран на зараза силно погодува делови од континентот. Гебрејесус кажа дека луѓето можат да се заштитат со постоечките хигиенски мерки, со носење маски, физичка дистанца и тестирање.

„Со правата комбинација мерки, земјите можат да најдат рамнотежа меѓу намалување на пренесувањето на вирусот и отвореноста на општеството и економијата. Ниедна земја не може само со вакцинирање да го најде својот излез од пандемијата“, заклучи тој.

Според СЗО, потребни се уште 550 милиони дози за да се постигне целта од вакцинирање на 40 отсто од популацијата во секоја земја до крајот на годината. Тоа количество може да се произведе за десет дена, смета агенцијата на ОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ