„Секој пат кога во светот ќе се појави нова варијанта, нашите научници почнуваат да ја проучуваат. Проверуваат дали тој сој е отпорен на нашата вакцина. Засега сè уште не сме идентификувале таква варијанта, но веруваме дека еднаш ќе се појави“, кажа Бурла за Фокс њуз.
Бурла додаде дека компанијата може да развие специфична вакцина за некоја одредена варијанта во рок од 95 дена од нејзиното идентификување.
Според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во САД целосно се вакцинирани 62 отсто од возрасните, а 73,1 отсто примиле барем една доза.
Бурла кажа дека Фајзер исто така работи во моментов на вакцина за деца на возраст од 5 до 11 години и дека истражувањата за деца ќе бидат завршени во септември. Потоа компанијата планира да работи на вакцина за деца помлади од 5 години.
Кажа дека компанијата на вакцината на Фајзер/Бајонтек против ковид-19 ѝ дала ново име: Комирнати. На прашањето зошто едноставно не ја викаат „Фајзер вакцина“, Бурла вели дека проблемот е во законите.
„Постојат специфични закони за тоа како може да го наречете својот производ. Комирнати е комбинација од неколку збора. „Ко“ е за ковид, а „мирна“ за мРНА, со тоа што целиот збор укажува на заедница (анл. Community)“, вели Бурла.






