среда, 6 мај 2026

Шефицата на норвешкиот парламент даде оставка зашто парламентот ѝ плаќал стан, а имала куќа

Објавено на

часот

Сподели

Хансен за норвешката телевизија НРК изјави дека смета дека е неодржливо парламентот да има претседател што е под истрага на полицијата.

48-годишната политичарка се најде под лупа откако беше откриено дека можеби има пратенички стан на располагање во главниот град, иако има куќа во близина на Осло.

Меѓутоа, таа е пријавена дека живее во Тромсо, поради што и има право на стан во главниот град.

Хансен рече дека погрешно ги протолкувала правилата, што изгледа им се случило на уште неколку норвешки политичари, наведува агенцијата дпа.

Така, во септември, министерот за семејство Кјел Инголф Ропстад поднесе оставка откако се дозна дека е регистриран на адреса кај неговите родители иако живее со семејството во Осло.

Во четвртокот обвинителството објави дека уште шест пратеници се под истрага за слични проблеми со живеалиштето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ