среда, 6 мај 2026

Се влошува ситуацијата во Германија: „Нè чека ужасен Божиќ доколку не преземеме мерки“

Објавено на

часот

Сподели

Германските пратеници денеска ќе расправаат за мерките што ќе ги заменат постојните епидемиски регулативи низ земјата, а кои истекуваат на крајот на овој месец.

Германската агенција за контрола на болести „Институт Роберт Кох“ денеска соопшти дека во еден ден биле пријавени 65.371 новопотврдени случаи, со што продолжил нагорниот тренд за кој експертите предупредуваат со недели.

„Во моментов се движиме кон сериозно вонредна ситуација. Ќе имаме навистина ужасен Божиќ ако сега не преземеме контрамерки“, изјави директорот на агенцијата Лотар Вилер.

Вилер рече дека Германија треба да ја зголеми стапката на вакцинација на значително над 75 отсто, од сегашните 67,7 отсто.

Некои региони во Германија имаат стапка на вакцинација која достигнува само 57,6 проценти.

Вилер повика на затворање на клубовите и баровите, суспендирање на големите настани и ограничување на пристапот до многу делови од јавниот живот на оние кои се вакцинирани или имаат сертификати за закрепнување од ковид.

Вилер предупреди дека болниците низ Германија се борат да најдат кревети за пациенти со ковид-19 и за оние со други болести.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ