петок, 24 април 2026

Се урна прототип на руски воен авион (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Новиот лесен воен транспортен авион Ил-112В се урнал во шумска област додека се спуштал за слетување на аеродромот кај Кубинка околу 45 километри западно од Москва, изјави портпаролот на Обединетата авиоиндустриска корпорација на Русија за ТАСС.

Агенцијата Интерфакс јави, повикувајќи се на анонимен извор, дека се стравува дека тројцата членови на екипажот на авионот загинале.

На снимката од уривањето која се појави на социјалните мрежи се гледа како гори еден од моторите на авионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ