петок, 24 април 2026

Се урна авион за гасење пожари во Турција, нема преживеани (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Противпожарниот авион турската Управа за шумарство го изнајмила од Русија. Авионот го користела канцеларија на регионалниот оддел за шумарство на градот Адане.

Според турските медиуми, во авионот имало седум лица: три пилоти, еден навигатор, еден техничар, еден оператер и еден инженер. Нема преживеани во несреќата, потврдија спасувачките служби.

Приватната новинска агенција ДХА соопшти дека авионот се урнал при гасење на пожар во шумата околу регионот Бертиз.

Сè уште не се знае што ја предизвикало несреќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ