петок, 24 април 2026

Се шири снимка од девојка од Авганистан: „Ние не сме битни, никој не се грижи за нас“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Ние не сме битни бидејќи сме родени во Авганистан“, низ солзи кажува девојката. „Никој не се грижи за нас. Ќе умираме полека во историјата. Нели е тоа смешно:“, вели девојката.

Видеото, кое сега има 670 илјади кликови, прва го сподели активистката за човекови права Масих Алинеџад.

„Срцето ми се крши за жените во Авганистан“, напиша таа.

Автентичноста на снимката не е потврдена.

Во претходниот период на талибанското владеење на авганистанските жени не им беше дозволено да работат, да се образуваат ни да се лекуваат кај мажи лекари, освен во придружба на маж. На жените кои ги прекршиле законите им се закануваше казна затвор, јавно камшикување, па дури и егзекуција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ