среда, 6 мај 2026

Се менува односот на силите во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Ова го објави агенцијата Ројтерс, наведувајќи дека детали од договорот сè уште не се познати, но дека друг функционер на италијанската влада кажал дека тој ќе ја зајакне соработката меѓу тие држави во областите на економијата, трговијата, туризмот и културата.

Ројтерс пишува дека за тој проект прво се расправало во 2018 за време на премиерот на Италија Паоло Џентилони, но односите меѓу Рим и Париз се влошија откако Џентилони го наследи популистичката влада на Лига и Движењето на 5 ѕвезди.

За време на мандатот на Драги, односите меѓу двете држави повторно се обновени и тој и Макрон се спремни да дејствуваат во тандем за да ја обликуваат европската политика по повеќегодишните тешки кавги меѓу двете држави.

„Макрон сака посилни врски со Италија, а Италија сака да се уфрли во традиционалното партнерство меѓу Франција и Германија“, кажа за Ројтерс друг анонимен италијански функционер.

Намерата на Италија е договорот да биде именуван по палатата Квиринале на италијанскиот претседател, каде ќе биде потпишан.

Портпаролот на Драги одби да ги коментира деталите на договорот, а кабинетот на Макрон соопшти дека не може да ја потврди средбата на двајцата лидери во оваа фаза.

Тензиите меѓу Рим и Париз го достигнаа врвот на почетокот на 2019 кога Франција го повика својот амбасадор поради спор околу емиграцијата.

Најновата средба на Драги и Макрон беше одржана во Париз минатата недела, а фокусот беше на политичката транзиција во Либија, што е прашање од стратегиско значење за двајцата лидери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ