„Додека еден турски авион се подготвуваше за полетување, се гледа како безбедносните сили на аеродромот се обидуваат да спречат толпи луѓе да тргнат кон другите авиони и да ги блокираат летовите“, објави компанијата Максар која ги направила сателитските снимки, а пренесува Си-ен-ен.

Претходно денес на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како луѓето на аеродромот се држат за трупот на американски воен авион кој полетува.

На аеродромот во Кабул во моментов има околу 2.500 американски војници кои се обидуваат да обезбедат ред на аеродромот, а во следните 2-3 дена бројката би требало да порасне на 6.000.







