На вработените во сојузните служби кои не се вакцинирани нема да им биде дозволено да ги симнат маските дури и таму каде што циркулацијата на ковид-19 е слаба и ќе мора редовно да подлежат на тестови, еднаш или двапати неделно.
Тие исто така ќе бидат ограничени во патувањата, се вели во соопштението објавено воочи говорот на американскиот претседател.
Иако нема да има присилна вакцинација, ова е сепак голем пресврт за администрацијата на Бајден, која досега ја отфрли секоја мисла за присилна вакцинација, повикувајќи повеќе на лична одговорност и испраќајќи пораки за охрабрување.
Сојузната држава вработува 4 милиони луѓе, од кои 2 милиони се цивили.
Што се однесува до војската, американскиот претседател бара да размисли „како и кога“ може да ја додаде вакцината против ковид-19 на листата вакцини задолжителни за војниците.
Џо Бајден, исто така, ги повикува локалните власти да платат сто долари на секој што ќе се вакцинира, за што ќе можат да ги искористат вонредните средства одвоени за борба против пандемијата.






