Активистите вршат притисок врз американскиот претседател Џо Бајден да испрати поголеми количества вакцини на сиромашните земји, пишува Ројтерс.
Зиентс кажа дека владата планира на произведувачите на мРНА вакцините да им понуди значителна помош во ширењето на капацитетите во поглед на инфраструктурата, опремата, обуката и персоналот.
Единствени произведувачи на мРНА вакцини се американската компанија Фајзер со германскиот партнер Бајонтек и американска Модерна. Зиентс кажа дека ќе им се помага и на тие компании.
Производството ќе почне во втората половина на 2022 година.
Инвестициите во производството на вакцини се дел од јавно-приватното партнерство со кое треба да се задоволат потребите за вакцини во САД и светот и да се подготват за идни пандемии, истакна Зиентс.
Краткорочно таа програма ќе овозможи значително количество дози вакцини против коронавирусот за користење во светот, а долгорочно ќе се воспостави домашно производство кое ќе може брзо да испорачува вакцини за идните закани, истакна тој.
Зиентс објави дека најмалку една доза засега примиле 80 отсто од Американците постари од 12 години.






