вторник, 21 април 2026

Рути: Владата згреши со наглото ублажување на мерките на крајот на јуни, се извинуваме

Објавено на

часот

Сподели

„Она што мислевме дека е можно, се покажа погрешно. Направивме погрешна процена, поради што жалиме и се извинуваме“, рече Руте на прес-конференцијата, пренесува Политико.

Руте денес се извини и за „лошата прес-конференција“ одржана во петокот, кога тој и министерот за здравство Хуго де Јонге ги отфрлија критиките дека Владата предвреме ги укинала рестриктивните мерки.

„Тогаш прашавте што мислиме за тоа и не бевме фер кога не одговоривме на тоа“, рече Руте, објаснувајќи дека тој и Де Јонге биле преокупирани со размислување за нови мерки, па затоа не биле добро подготвени да одговорат на сите прашања.

Холандската влада викендот врати дел од мерките што беа укинати на крајот на јуни, така што од денес повторно ќе бидат затворени ноќните клубови, а кафулињата и рестораните можат да работат со строго почитување на физичкото растојание помеѓу гостите.

Во саботата во Холандија беа потврдени 10.283 нови случаи на ковид, што е највисоко од декември минатата година. Пред две недели, кога беа укинати повеќето епидемиолошки мерки, беа регистрирани по околу 1.000 нови случаи дневно, но во меѓувреме се прошири делта-сојот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ