петок, 24 април 2026

Руските медиуми ликуваат над американскиот пораз во Авганистан: „Неверојатно фијаско“

Објавено на

часот

Сподели

Во провладиниот весник Рускаја газета, аналитичарот за надворешна политика, Фјодор Лукјанов, ја опиша ситуацијата во Авганистан како „неверојатно фијаско“.

„Проамериканскиот режим се сруши како кула од карти. Америка не си оди дома, Америка бега“, напиша Лукјанов.

Новинар на Комсомолска правда напиша: „Ова никогаш досега не се случило“. Модерниот демократски режим во Кабул, создаден и поддржан од Американците во последните 20 години, се распадна како замок од песок“.

„Се разбира, големите светски сили биле поразени во земјите од Третиот свет и порано, но никогаш толку брзо“, напиша тој.

Денешните изданија на весниците во Русија крајно критички пишуваат за потезите на САД што доведоа до пад на Авганистан во рацете на талибанците.

Голем дел од коментаторите во Русија велат дека авганистанскиот претседател Наџибула, кој беше поддржан од Советите по повлекувањето од Авганистан, издржал три години на функцијата и го споредуваат со претседателот Гани, кој избега од Кабул за неколку недели од почетокот на големата офанзива на талибанците.

„Ова е монументален пораз за целиот политички Запад, а особено за Џо Бајден. Но, како што вели поговорката, страшен крај е многу подобар од хоророт што нема крај“, вели еден руски новинар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ