понеделник, 4 мај 2026

Руски маринци ослободиле брод од пирати (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Руското Министерство за одбрана објави видеоснимка на која се гледа како маринци од руски воен брод ослободуваат цивилен товарен брод од пирати во Гвинејскиот залив, кај западниот брег на Африка.

Вооружените напаѓачи наводно се доближиле до бродот со мал глисер и се качиле на него, додека екипажот се криел во машинскиот оддел.

Воениот брод „веднаш“ потоа испратил хеликоптер Кумов Ка-27ПС со единица маринци. Откако го виделе леталото дека доаѓа, „пиратите го напуштија бродот, влегоа во брзиот чамец и со полна брзина се упатија кон брегот“, велат од министерството.

На видеото се гледа како маринците од разурнувачот „Вицеадмирал Кулаков“ се спуштаат на контејнерскиот брод „Луција“ и вршат преглед на пловилото.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=BDcvozBP1Xs autoplay:0]

Како што соопшти претходно руското Министерство за одбрана, бродот „Луција“ под знамето на Панама, кој од Того се движел кон Камерун, бил нападнат од пирати во Гвинејскиот залив.

Откако добил сигнал за помош, рускиот воен брод испратил хеликоптер со одред маринци за да го ослободат бродот, пренесува Тасс.

Пиратите избегале од товарниот брод откако хеликоптерот се приближил до бродот.

Подоцна, антитерористичкиот одред од рускиот воен брод слетал на товарниот брод, ослободувајќи го екипажот и прегледувајќи го бродот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ