четврток, 23 април 2026

Руски авиони ги гасат пожарите во Анталија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Руски авиони Беријев Бе-200 учествуваат во гаснењето на пожарот што ја зафати шумата во турската провинција Анталија, соопшти вчера руската амбасада во Анкара.

„Три руски противпожарни авиони Бе-200 ѝ помагаат на Турција во регионите каде што избиваат пожари“, се вели во соопштението, пренесе ТАСС.

Дипломатската мисија на Русија во Анкара се надева дека шумскиот пожар во јужна Турција ќе биде брзо изгаснат, за да не предизвика голема штета.

Пожарот избувна на 28 јули, недалеку од градот Манавгат, поради екстремно високите температури, покажаа прелиминарните податоци.

Рускиот конзулат во Анталија за ТАСС изјави дека пожарот не ги загрозува главните туристички атракции во таа област.

Според турската служба за вонредни ситуации, во пожарите загинале три лица, а 122 се повредени.

Околу 100 руски туристи морало да бидат евакуирани од луксузен хотел во Бодрум поради блискиот шумски пожар, објави синоќа Руската туристичка асоцијација (АТОР).

Поради вдишување густ чад, 183 лица побарале помош по пожарот во градот Манавгат, во регионот на Анталија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ