„Авионот Ан-2 исчезна од радарот. Се обидуваме да откриеме што се случило“, изјави неименуван службеник, пренесува ТАСС.
Според податоците на Министерството за вонредни ситуации, едно дете се наоѓало меѓу 22-те патници во авионот што летал од Петропавловск-Камчатски до Палана.
Извор за итни ситуации за агенцијата ТАСС изјавил дека контактот со леталото бил изгубен при слетувањето.
Подрачјето на рутата по која летал авионот ја пребаруваат два хеликоптери и специјален авион.
Според руските медиуми, авионот бил технички исправен, а службите за итни случаи објавиле дека авионот може да се урнал во морето.
Авиокомпанијата „Камчатка ерлајнс“ наведува дека падот на авионот сè уште не е потврден.
Истражниот комитет покренал кривична постапка.






