понеделник, 4 мај 2026

Руската тундра гори, но горат и шумите во Калифорнија, му одговори на Бајден Путиновиот портпарол

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека руската тундра навистина гори, но дека не треба да заборавиме на шумските пожари во Калифорнија, Турција и другите земји во светот.

„Токму ова е една од последиците на климатските промени со кои се соочуваме“, рече Песков, додавајќи дека Кремљ не се согласува со таквите формулации од американската администрација.

За време на неговиот говор на самитот за климата КОП26 во Глазгов, Бајден го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин што не присуствува во живо.

„Путиновата тундра гори, буквално, тундрата гори. Тој има сериозни, сериозни климатски проблеми, но не презема ништо“, рече Бајден во вторникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ