среда, 6 мај 2026

Русите велат дека Американците се хистерични во врска со Украина: „Таа хистерија е вештачка“

Објавено на

часот

Сподели

„Таа хистерија е вештачки создадена. Оние кои ги донесоа своите вооружени сили од другата страна на Атлантикот, односно од САД, нè обвинуваат дека спроведуваме невообичаени воени активности на наша територија“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков на руската телевизија.

„Тоа апсолутно не е логично или пристојно“, рече тој.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека САД се „многу загрижени поради невообичаените руски воени активности на границата со Украина“.

„Навистина сме загрижени за реториката што ја слушнавме од Русија и ја видовме на социјалните мрежи“, рече Блинкен на прес-конференција во Дакар, додавајќи дека таа загриженост ја делат повеќето американски сојузници.

Песков ги повика САД и нивните сојузници да престанат да ги зајакнуваат своите сили во близина на границите на Русија.

„НАТО треба да престане со своите провокативни активности во близина на нашите граници“, рече тој.

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот дека ги поттикнува тензиите на источните граници на Украина и на Црното Море. Тој исто така рече дека нивните бомбардери се приближиле до Русија на 20 километри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ