среда, 22 април 2026

Русија ѝ испрати на Куба два авиони хуманитарна помош (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

По налог на претседателот Владимир Путин, два авиони Ан-124 „руслан“ на руското министерство за одбрана полетаа кон Куба, објави во соопштение министерството.

„Авионите на Куба ќе ѝ испорачаат храна, заштитна опрема и повеќе од милион медицински маски. Вкупно, повеќе од 88 тони помош“, се наведува во соопштението.

Островот со 11 милиони жители е соочен со загрижувачки раст на бројот на заразените и починатите од последици на ковид-19.

Од почетокот на пандемијата на Куба се потврдени 316.383 заразени и 2.203 смртни случаи, според официјалните податоци од петокот.

На тешката состојба ѝ придонесуваат економските тешкотии предизвикани од историското ембарго на Соединетите Американски Држави на Куба.

Вашингтон во четвртокот наметна и симболични финансиски санкции против кубанскиот министер за одбрана.

САД ги оправдуваат санкциите на министерот за одбрана Алваро Лопез Миера и специјалната единица на министерството за внатрешни работи поради „репресијата“ над неодамнешните „мирни и продемократски демонстранти“ на Куба и се заканија со нови казнени мерки.

[video:https://youtu.be/hdu95Es68KE autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ