вторник, 5 мај 2026

Русија: Затвореници, поврзани со Исламска држава, држат чувари како заложници (ВИДЕО)

Шестмина затвореници зеле двајца чувари како заложници во центар за притвор во јужниот руски регион Ростов и тврдат дека се поддржувачи на Исламска држава, објави денеска каналот на Телеграм База, кој има извори во руската полиција.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Руската Федерална затворска служба претходно соопшти дека приведените зеле како заложници двајца вработени во истражниот затвор во Ростов. „Институцијата работи вообичаено, ситуацијата е под контрола“, стои во пораката на службата на апликацијата за размена на пораки Телеграм.

Се додава дека на местото на настанот биле повикани агенциите за спроведување на законот. Руската државна новинска агенција РИА, повикувајќи се на неидентификувани извори, објави дека уапсените вклучени во земањето на вработените како заложници се обвинети за тероризам.

Патниот сообраќај околу центарот е ограничен, јавуваат руските агенции. Агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на неименувани извори, јави дека уапсените побарале автомобил и слободен излез од затворот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ