четврток, 7 мај 2026

Русија протера двајца германски дипломати

Објавено на

часот

Сподели

Денешното протерување е одговор на сличната одлука на Германија минатата недела, објасни Министерството за надворешни работи во Москва.

Пресудата на судот во Берлин со која рускиот државјанин Вадим Красников (56) беше осуден на доживотен затвор за убиство на грузискиот државјанин со чеченско потекло Зелимкан Кангошвили, ги разбуди страстите на релацијата Москва-Берлин. Новата германска министерка за надворешни работи протера двајца руски дипломати, додека Кремљ ја отфрли пресудата, најавувајќи дека ќе воведе „соодветни мерки“ за Германија.

По убиството на Кангошвили во 2019 година, Германија протера двајца руски дипломати, како причина наведувајќи го недостигот од соработка со истрагата. Овој потег ја поттикна Русија да протера двајца германски дипломати како одмазда.

Истото сценарио се случи и по изречената пресуда пред неколку дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ