вторник, 5 мај 2026

Русија негира дека планира инвазија на Украина, Песков: Шуплив и неоснован обид за кревање тензии

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги отфрли тврдењата на западните медиуми дека Москва планира да изврши инвазија во Украина како „шуплив и неоснован обид за поттикнување тензии“.

„Русија не се заканува никому. Движењето на нашите војници на нашата територија не би требало да биде причина за грижа никому“, им кажа Песков на новинарите.

На прашањето дали Русија планира да изврши инвазија во Украина, заменикот на рускиот амбасадор во ОН Дмитриј Полјански кажа вчера дека Москва „никогаш тоа не го планирала и никогаш тоа нема да го направи освен ако не ја испровоцира Украина или некој друг“.

Полјански додаде дека од Украина доаѓаат „многу закани“ и „провокативни акции“ на американските воени бродови во Црното Море.

Песков денес на сличен начин истакна дека Русија треба да ја заштити својата безбедност во време на „сè поголеми провокации“ во близина на нејзините граници, укажувајќи на присуството на американски воени бродови во Црното Море и на честите разузнавачки летови на САД и НАТО.

„Преземаме мерки за безбедност кога нашите противници преземаат акции во близина на нашите граници. Не можеме да бидеме рамнодушни кон тоа, мораме да бидеме внимателни“, кажа Песков.

Украина минатата недела предупреди дека Русија по воена вежба задржала десетици илјади војници во близина на нејзините граници и во областите на истокот на Украина под контрола на проруските бунтовници, во обид да изврши дополнителен притисок врз Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ