вторник, 5 мај 2026

Русија го потврди тестирањето ракета во вселената, тврди дека нема опасност

Објавено на

часот

Сподели

Руското министерство за одбрана ги нарече обвинувањата на Вашингтон дека Русија ја загрозила безбедноста на вселената „лицемерни“ и истакна дека САД го блокираат договорот за распоредување оружје во вселената.

„Вашингтон отворено изјавува дека не сака да се ограничува со какви било обврски во вселената“, се истакнува во соопштението.

Се додава дека Русија веќе низа година ги повикува САД и другите држави да потпишат договор за забрана за разместување оружје во вселената, но дека САД и нивните сојузници го блокираат усвојувањето на тој договор.

Министерството наведува и дека САД добро знаат дека фрагментите кои останале по тестот не претставуваат закана за орбиталните станици, вселенските летала и вселенските активности.

Во соопштението се истакнува дека рускиот систем за контрола на вселената „ги следел остатоците се до престанувањето на нивното постоење“.

Се потсетува дека слични тестирања во вселената веќе спровеле САД, Кина и Индија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ