среда, 22 април 2026

Русија ги казни Фејсбук и Телеграм, не избришале спорни содржини

Објавено на

часот

Сподели

Во последните месеци Москва презеде чекори за регулирање и ограничување на моќта на социјалните мрежи и технолошките гиганти, со изрекување помали казни за нелегални содржини, а истовремено настојувајќи да ги принуди странските компании да отворат свои канцеларии во Русија и да ги чуваат личните податоци на Русите на територијата на Русија.

Судот во Москва во областа Тагански соопшти дека го казнил Фејсбук со шест милиони рубљи за две различни административни прекршоци врз основа на обврската на сопствениците на веб-страниците да бришат неовластена информација. Телеграм е казнет за три различни прекршоци, соопшти судот. Фејсбук и Телеграм сè уште не ги коментираа пресудите.

Руски суд се очекува подоцна да донесе пресуда за две слични обвиненија и против Твитер.

Русија го казни Твитер со 118.000 долари во април бидејќи ги одбил барањата да избриши твитови во кои се повикуваат младите да протестираат кон средината на јануари против апсењето на Алексеј Навални, критичар на Кремљ, а од тогаш во Русија содржините на таа мрежа бавно се вчитуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ