среда, 3 јуни 2026

Рјабков: Русија може да одговори на секој обид за закана со нуклеарно оружје

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денес изјави дека Русија, како одговор на заканата за нејзиниот територијален интегритет, во најлош случај би можела да му одговори на агресорот со употреба на нуклеарно оружје.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Рјабков, на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), рече дека тоа би било најлошото можно сценарио за обид за закана на руска територија, пренесува ТАСС.

„Што се однесува до нас, хипотетичките екстремни ситуации во кои е можна употребата на ова оружје се детално опишани во воената доктрина на Руската Федерација и во принципите на државната политика во областа на нуклеарното одвраќање“, изјави Рјабков.

Рјабков рече дека, во поедноставена форма, воената доктрина предвидува дека „напад од страна на агресор врз Русија, врз нејзиниот територијален интегритет, вклучувајќи ги и оние кои можеби не поседуваат такво оружје, би можел, во најлош случај“, да доведе до тоа Русија „да одговори со употреба на овие средства“.

Тој изјави дека задачата на Русија, пред следните избори во Соединетите Американски Држави, е да ги стабилизира односите меѓу двете земји.

„Целта на Русија пред следните претседателски избори во САД е да ги стабилизира односите меѓу двете земји“, нагласи Рјабков.

Рјабков, исто така, рече дека Русија е многу загрижена за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје, која се наоѓа во близина на градот Енергодар, а со која управува Росатом од март 2022 година.

„Нашата главна грижа во моментов е нуклеарната централа Запорожје. Сите сме фокусирани на оваа работа“, рече Рјабков.

Тој рече дека руското Министерство за надворешни работи тесно соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), чиј директор е Рафаел Гроси, преку постојаниот претставник во мисијата на МААЕ во Виена, Михаил Улјанов.

Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург започна денес и ќе трае до 6 јуни.

Украина објави дека синоќа, во пресрет на почетокот на Меѓународниот економски форум, го нападнала најголемиот руски нафтен терминал на Балтичкото Море, кој се наоѓа во Санкт Петербург, како и воени цели во базата Кронштат во близина на градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ