четврток, 7 мај 2026

Рестрикциите на Косово ќе траат 60 дена; Курти: Не можевме порано да купуваме струја

Објавено на

часот

Сподели

Предвидено е воведување ограничувања во снабдувањето на потрошувачите со електрична енергија и наметнување специјални обврски на енергетските претпријатија.

Конечниот збор за енергетската вонредна ситуација ќе го даде косовското собрание кое може да донесе одлука и за дополнително продолжување на овој период за уште 30 дена.

Косовската влада одлучи и да формира итна техничка комисија во рамки на министерството за стопанство со цел утврдување и доставување препораки на министерството за стопанство.

Како објаснување за ваквата одлука косовската влада наведе дека Косово во моментов се соочува со тешкотии во енергетскиот сектор.

Косовскиот премиер Аљбин Курти порача денес дека Косово не можело порано да купи струја и да ја избегне енергетската криза бидејќи струјата, како што кажа, не е роба која може да се чува во фрижидер.

„Нè критикуваа дека требало порано да купуваме струја, но тоа не беше можно бидејќи не можете да купувате струја и да ја чувате во фрижидер. Многу сме изложени на цените на берзата и нема земја во регионот која е извозничка, сите увезуваат. Тешко сме погодени бидејќи сме посиромашна земја од другите, бидејќи домаќинствата трошат седум пати повеќе струја од индустријата“, кажа Курти.

Претседателот на косовската влада кажа дека не очекува брзо разрешување и стабилизација на ситуацијата со струјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ