петок, 22 мај 2026

Рекордни температури во Канада и САД, измерени речиси 47 степени

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 40 нови температурни рекорди се забележани во Британска Колумбија за време на викендот, особено во ски-центарот Вистлер. Литон, исто така во Британска Колумбија, сега држи апсолутен рекорд во Канада со 46,6 Целзиусови степени, објави агенцијата Инвајормент Канада.

Претходно забележана највисока температура во Канада била 45 степени во два града во Саскачеван на 5 јули 1937 година. Во текот на оваа недела се очекува да продолжат високите температури. Инвајормент Канада објави предупредување за Британска Колумбија, Алберт и неколку делови од Саскачеван, Јукон и Северозападните територии.

„Долготраен, опасен и историски топлотен бран ќе продолжи цела недела“, предупреди агенцијата.

„Потопло е во делови на западниот дел на Канада отколку во Дубаи“, рече Дејвид Филипс, нејзин главен климатолог.

Од другата страна на границата, американските метеоролошки услуги, исто така, објавија предупредувања поради опасниот топлотен бран, што најсилно ги погоди државите на северозапад, Вашингтон и Орегон.

Температурите се искачија на свое највисоко ниво од 44 Целзиусови степени во најголемиот град во Орегон, Портланд, со што е зголемена побарувачката за мраз и клима уреди, додека многу ресторани и барови биле принудени да ги затворат вратите.

Округот Мултномах, во кој спаѓа и Портланд, отвори 11 итни засолништа за разладување, главно во народните библиотеки, каде што жителите без клима уреди можат да избегаат од неподносливата жега.

„Ова е жештина опасна по живот“, истакна во соопштение здравствената службеничка на округот Џенифер Винес.

Гувернерката Кејт Браон ги олесни мерките за театрите, базените и трговските центри воочи топлотниот бран. Базените се покажале како популарен избор за многумина кои барале разладување, како и јавните фонтани. Сојузната држава Орегон и Вашингтон инаку се вообичаено умерени региони каде што многу домови и продавници се без уреди за ладење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ