петок, 24 април 2026

Рекорден број случаи во Сиднеј. Блокадата трае веќе 8 недели, војската е на улиците

Објавено на

часот

Сподели

Сиднеј е во осмата недела на карантин и е епицентар на новиот бран на ковид во Австралија. Таму, во последните 24 часа починаа седум лица од ковид, најмногу досега во еден ден, објави премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклијан.

Во исто време, откриени се 478 нови инфекции, што е највисокото еднодневно зголемување од почетокот на пандемијата.

„Трансмисијата е вознемирувачки висока“, им рече Береџиклијан на новинарите.

Меѓу починатите е и 15-годишник кој имал пневмококен менингитис и ковид.

Во градот се распоредени 200 војници, задолжени да постават блокади на патиштата во најтешко погодените квартови, бидејќи многумина го прекршуваат карантинот.

Со само 26 проценти од целосно вакцинирани возрасни, Австралија е ранлива на високо заразната делта варијанта која се шири низ целата земја.

Иако Сиднеј, Мелбурн, Канбера и Дарвин се во карантин, инфекцијата сепак напредува. Во Мелбурн, вториот најголем град, во понеделникот е воведен полициски час од 21 до 5 часот. На улиците во тоа време се дозволени само неопходните работници.

„Ние сме на пресвртна точка. Нема друг избор освен зајакнување на карантинот”, рече премиерот на државата Викторија Даниел Ендрјус.

Луѓето што ги прекршуваат правилата се одговорни за новите случаи, рече тој. На пример, полицијата казни 69 лица со по 5.500 австралиски долари за присуство на забава по повод веридба.

Властите, пак, се обидуваат да поттикнат вакцинација и да увезат дополнителни количини на вакцини. Премиерот Скот Морисон, чија популарност е на најниско ниво од пандемијата, објави дека се купени милион дози на вакцината Фајзер од Полска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ