„Не знам дали Американците побарале од Косово да ги засолни Авганистанците кои биле изложени како пријатели и поддржувачи на сојузничките војски. Би сакал, ако побарале, владата на Косово да одговори позитивно, за својата чест и Косово, нормално“, напиша Рама на Фејсбук.
Тој кажа и дека самиот на самитот на НАТО изразил загриженост во врска со животите на авганистанските соработници на Алијансата по нејзиното повлекување од Авганистан.
Во последните денови во албанските медиуми кружеше вест дека САД побарале од Албанија и Косово привремено да ги сместат Авганистанците кои се борат против талибанците во нивната земја.






