„Не грижете се, сè е во ред. Ме тестираат практично секојдневно, не само за ковид-19 туку и за други инфекции, па сè е добро“, одговори рускиот лидер откако Валентина Матвиенко, претседателката на горниот дом на парламентот, изрази загриженост околу неговото здравје.
Путин минатата недела наполни 69 години, а за кашлицата го обвини студот. Ја искористи приликата да ги повика своите колеги да се вакцинираат. Тој минатиот месец заврши во самоизолација откако сите членови на неговата придружба беа позитивни на вирусот, но Кремљ тогаш објави дека претседателот е сосема здрав.
Русија денес имаше 957 смртни случаи како последица на коронавирусот, додека најмногу жртви досега од почетокот на пандемијата беа забележани пред два дена, 968.






