недела, 3 мај 2026

Путин поради пандемијата виртуелно ќе учествува на самитот на Г20

Објавено на

часот

Сподели

Кремљ додаде дека Путин телефонски го известил Марио Драги, премиерот на Италија, кој во моментов претседава со форумот на дваесетте најголеми светски економии. Двајцата лидери разговарале и за ситуацијата во Авганистан и билатерални прашања.

Путин ја донел одлуката поради епидемиолошката ситуација, извести портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесува Руската новинска агенција РИА.

Рускиот претседател минатиот месец заврши во кратка изолација, откако дел од неговата придружба се покажала како позитивна. Минатата недела Путин кашлал на владина седница, а потоа рече дека настинал. Русија во последниве денови има рекорден број на нови инфекции и смртни случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ