петок, 14 ноември 2025

Путин: Ќе трпиме загуби поради санкциите на Трамп, но нема да попуштиме

Рускиот претседател Владимир Путин упати строго предупредување до Соединетите Американски Држави, велејќи дека Русија ќе одговори силно во случај на напад врз нејзината територија со американски ракети „томахавк“, објавија руските државни медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку такво оружје се користи за удари на руска територија, одговорот ќе биде многу силен. Да не кажам зачудувачки. Нека размислат за тоа“, рече Путин. Тој ги нарече разговорите за можноста за испорака на вакви ракети во Киев обид за ескалација на конфликтот.

Коментирајќи го откажувањето на билатералната средба од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, Путин рече дека претпоставува дека Трамп мислел на одложување, а не на целосно откажување.

Рускиот лидер откри дека за време на нивниот последен разговор, Трамп лично предложил организирање самит во Будимпешта.

Путин рече дека би било погрешно да се пристапи кон таков настан без темелна подготовка и повтори дека Русија секогаш го поддржува продолжувањето на дијалогот. Според него, Русија и САД имаат многу области за соработка ако преминат од притисок кон сериозен и перспективен дијалог.

Зборувајќи за новите американски санкции, Путин ги нарече непријателски чин кој не придонесува за зајакнување на руско-американските односи. Доналд Трамп вчера воведе санкции врз руските нафтени гиганти Лукоил и Роснефт. Експертите веруваат дека ова би можело да ги намали приходите во рускиот буџет и да ги подобри шансите за мир во Украина.

Путин е убеден дека тие нема значително да влијаат на економската состојба во земјата. Тој тврди дека ќе има одредени загуби, но дека руската енергетска индустрија се чувствува безбедно. Путин рече дека Русија спаѓа во групата земји кои се почитуваат себеси и немаат намера да донесуваат одлуки под притисок.

„Секако, тоа е обид за вршење притисок. Но, ниедна земја што се почитува себеси и ниедна нација што се почитува себеси никогаш не решава ништо на таков начин. Без сомнение, Русија ја има таа привилегија – да се чувствува и да се смета на таа листа на земји и народи што се почитуваат себеси“, рече тој.

Тој додаде и дека со Трамп разговарал за влијанието на ситуацијата со испораките на руска нафта врз порастот на цените во светот, вклучително и во САД.

Путин им се обрати на новинарите по седницата на XVII конгрес на Руското географско друштво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ