вторник, 5 мај 2026

Првиот виртуелен самит на Бајден и Си ќе биде одржан в понеделник

Објавено на

часот

Сподели

Двајцата лидери веќе двапати разговараа по телефон, но овој самит е можност двете суперсили да го продолжат дијалогот во моментот кога односите меѓу Пекинг и Вашингтон се на најниско ниво по низа прашања, од трговијата до човековите права преку регионалните амбиции на Кина.

Белата куќа во почетокот на октомври најави дека оваа средба ќе се одржи до крајот на годината, ова е прва видеосредба на двајцата лидери од доаѓањето на Бајден за претседател на САД.

Состанокот теоретски е предвиден за в понеделник, јавуваат Си-ен-ен и Политико, кои се повикуваат на анонимни извори.

Си Џинпинг кажа дека е спремен да соработува со САД. Џо Бајден исто така кажа дека сака да соработува со кинеските власти за заедничките предизвици како што е климата. Во врска со прашањето за климата, Пекинг и Вашингтон вчера најавија на ОН-конференцијата за климата во Глазгов дека имаат намера заеднички да ги удвојат напорите во борбата против климатското затоплување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ