„Договорот кој го потпишаа нашите колеги е амбициозен и има предвид долгорочен план за 2,8 милиони квадратни метри, но мислам дека ќе биде реализиран во фази“, кажа министерот и додаде дека 100 милијарди рубљи е прилично груба цифра.
Тој наведе дека е вообичаениот однос на вложувањата во инфраструктурата спрема инвестициите во изградбата на објектите е околу 15 отсто.
Претходно Чекунков изјави дека се пресметува бизнис моделот за создавање град-сателит кој ќе се вика Спутник (сопатник или сателит на руски). Според него, ако се обединат Владивосток и Атјом, таму се изгради нов град-сателит и во оваа агломерација се привлечат уште околу 300 илјади луѓе, тогаш на Далечниот исток ќе се добие првиот милионски град.






