Маршот во Рим, каде што се одржува самитот на лидерите на Г-20, го предводеа климатски активисти, кои носејќи шарени плакати, удирајќи на тапани и танцувајќи, побараа од светските лидери „да ја спасат планетата“.
Студенти и групи работници им се придружија во прошетката низ главниот град на Италија, каде што безбедносните мерки се на највисоко ниво.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=4km_ayLXV-k autoplay:0]Демонстрантите, додека минуваа крај брегот на реката Тибар, носеа голем транспарент на кој пишуваше „Стоп за патентите, вакцините се глобално право“.
Покрај тоа, во Рим се одржува и мал протест против италијанската влада, пренесува Ројтерс.
Околу 6.000 полицајци и околу 500 војници се распоредени во Рим поради самитот на Г20.
Метростаниците се затворени, а автобуските линии се пренасочени поради самитот.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=kyuuP2mfdto autoplay:0]





