понеделник, 4 мај 2026

Протест во Рим за климата и распределбата на вакцините за време на самитот на Г20 (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Маршот во Рим, каде што се одржува самитот на лидерите на Г-20, го предводеа климатски активисти, кои носејќи шарени плакати, удирајќи на тапани и танцувајќи, побараа од светските лидери „да ја спасат планетата“.

Студенти и групи работници им се придружија во прошетката низ главниот град на Италија, каде што безбедносните мерки се на највисоко ниво.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=4km_ayLXV-k autoplay:0]

Демонстрантите, додека минуваа крај брегот на реката Тибар, носеа голем транспарент на кој пишуваше „Стоп за патентите, вакцините се глобално право“.

Покрај тоа, во Рим се одржува и мал протест против италијанската влада, пренесува Ројтерс.

Околу 6.000 полицајци и околу 500 војници се распоредени во Рим поради самитот на Г20.

Метростаниците се затворени, а автобуските линии се пренасочени поради самитот.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=kyuuP2mfdto autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ