среда, 6 мај 2026

Припадник на Хамас уби едно и рани три лица во Стариот град на Ерусалим

Објавено на

часот

Сподели

Пукањето на цивили, што е втор напад во Ерусалим за четири дена, се случи во близина на влезот во џамијата Ал Акса, третото најсвето место за муслиманите. Тоа е свето место и за Евреите бидејќи таму се наоѓаат остатоци од два антички храма.

Омер Барлев, израелскиот министер за јавна безбедност, рече дека напаѓачот бил припаник на Хамас од источен Ерусалим. Во нападот употребил полуавтоматска пушка, додаде Барлев.

Набрзо бил убиен од израелската полиција.

Хамас потврди дека напаѓачот бил член на организацијата. Велика Британија го прогласи Хамас како терористичка организација во петокот, како што претходно направија Европската унија и САД.

Хамас го контролира Појасот Газа и се противи на постоењето на државата Израел.

Полицијата соопшти дека напаѓачот, најверојатно Палестинец, почнал да пука и исто така бил вооружен со нож. Набрзо бил убиен од безбедносните сили.

Двајца цивили се тешко повредени во нападот, од кои едниот подоцна починал во болница, изјави портпаролот на полицијата. Двајца полицајци се полесно повредени.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет нареди зајакнување на безбедносните мерки во Ерусалим по нападот во неделата.

„Во вакво утро, може да се добие утеха во (британската) одлука да го означи Хамас – вклучително и неговото таканаречено политичко крило – како терористичка организација“, им рече Бенет на членовите на владата.

Израел го окупираше Стариот град и другите делови на Источен Ерусалим во 1967 година во Шестдневната војна против соседните арапски држави и го анектираше, што не е меѓународно признато.

Палестинците го сакаат источен Ерусалим како главен град на идната држава, додека Израел вели дека целиот Ерусалим е вечна и неделива престолнина на Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ