вторник, 5 мај 2026

Припадничка на француските воени сили обвини колега за силување во Елисејската палата

Објавено на

часот

Сподели

Настанот се случил во јули 2021 година и француската претседателска палата до сега ја чувала таа тајна.

Младата припадничка на воените сили наводно ја силувал војник во Елисејската палата на 1 јули, кога била организирана проштална забава за тројца соработници на претседателот Емануел Макрон, во присуство на шефот на државата.

По неговото заминување, во 22 часот, ситуацијата почнала да се „загрева“.

По официјалната церемонија во паркот на претседателската палата, забавата продолжила во исклучително обезбедуваните простории во кои секојдневно се ракува со чувствителни документи, главно класифицирани како доверливи или тајни. И токму тука, како што навела припадничката на оружените сили, се случило силувањето.

Жртвата отишла во полициска станица во осмиот париски арондисман и раскажала за сексуалниот напад, а обвинителството на 12 јули решило да отвори истрага за силувањето.

Полициската управа надлежна за случајот го сослушала осомничениот, кој добил статус на сведок соработник.

Елисејската палата соопшти дека никогаш не коментира случаи кои се во тек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ