петок, 24 април 2026

Претседателот на Тунис ја распушти владата, го отпушти и премиерот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во телевизиското обраќање тој вети дека ќе ја консолидира моќта и ќе ја „спаси“ земјата со помош на новиот премиер.

Претседателот Саид ги повлече потезите согласно член 80 од уставот, бидејќи Тунис се соочува со пикот на епидемијата на коронавирус и со длабока политичка криза што ја парализира земјата со месеци.

Претседателот на парламентот и лидер на „умерената“ исламистичка партија Енахда, Рахед Ганучи, се спротивставил на наредбата, но бил блокиран да влезе во парламентот.

Ганучи го оцени потегот на Саид како „државен удар против револуцијата и уставот“ и во видео порака до приврзаниците повика на улични протести.

Саид, сепак, ги предупреди своите политички противници да не поттикнуваат улично насилство, велејќи дека војската нема да се двоуми да употреби оружје за да се смират немирите ако станат смртоносни.

„Го предупредувам секој што ќе помисли да прибегне кон оружје… и секој кој ќе испука куршум, вооружените сили ќе одговорат со куршуми“, рече Саид.

Илјадници луѓе, претежно млади луѓе, излегоа на улиците на главниот град и другите поголеми градови во земјата, извикувајќи „надвор“, и покрај големата жештина и кршејќи ги санитарните мерки поради коронавирусот. Тие бараа распуштање на тунискиот парламент и предвремени избори.

Стотиците насобрани луѓе против владата потоа на улиците, навивајќи, удирајќи и пеејќи го прославија драстичниот потег, додека воени возила ги опколиле зградата на парламентот и државната телевизија.

Организатор на протестот одржан на 64-годишнината од прогласувањето на независноста на Тунис, е групата „Движење 25 јули“.

Безбедносни сили биле распоредени околу сите важни институции, полицијата фрлила солзавец на демонстрантите кои ја гаѓале полицијата, а неколкумина биле уапсени.

Судири меѓу полицијата и демонстрантите имало и во градовите Набеул, Сус, Керуан, Сфакс и Тозеур.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ