вторник, 5 мај 2026

Пресврт: Белорусија ги прекинува летовите од Дубаи, нема повеќе да носи мигранти

Објавено на

часот

Сподели

Од таа причина, Белорусија повеќе нема со авиони да носи мигранти од Сирија, Ирак, Јемен и Авганистан, соопшти државната авиокомпанија Белавија.

Борел вчера соопшти дека сè е спремно за проширување на санкции на авиопревозниците и туристичките агенции кои учествуваат во префрлањето мигранти од Ирак, Сирија и други земји, а на нивните шефови нема да им биде дозволено да патуваат во Европската Унија, со замрзнување на сметките кои ги имаат во Европа.

Тој кажа дека мигрантската криза и стравот од трупањето руска војска во близина на границата со Украина јасно покажале на неопходноста за поголема интеграција на ЕУ во одбраната.

„Европа е во опасност, а Европејците не го сфаќаат тоа. Во денешниот свет повеќе не се тежнее кон мир. Во тек е судир на месојадци во кој вегетаријанците имаат малку шанси да преживеат“, кажа Борел.

Меѓутоа, изгледа дека до остварување на заканите со санкции сепак нема да дојде. Белорускиот претседател Лукашенко изјави дека „не сака конфликт на својата граница“ и дека неговата земја ќе прекине со довезувањето мигранти од конфликтните зони“.

И додека Европската Унија остро реагираше на состојбата на границата, Лукашенко неколку пати истакна дека своите одлуки нема да ги менува. ЕУ најави дека подготвува нови економски санкции против Белорусија, но и за авиокомпании кои учествуваат во префрлањето мигранти. Како одговор на заканите од ЕУ, Лукашенко во еден момент кажа дека ќе го прекине транзитот на гас кон Европа преку транснационалниот гасовод Јамал-Европа.

„Ние ја снабдуваме Европа со греење, а тие се закануваат дека ќе ја затворат границата. А што ако ние го прекинеме тука природниот гас? Затоа би им препорачал на лидерите на Полска, Литванија и другите празноглави поединци да размислат пред да прозборат“, кажа Лукашенко.

Сепак, за да избегне дополнителни санкции кои најмногу ќе ги погодат неговите граѓани, белорускиот претседател изгледа решил да попушти пред притисокот на ЕУ, НАТО но и на Русија, која оцени дека заканата со сопирање на гасот може да ги загрози односите на Минск и Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ