„Ова е време кога е потребно да се води земјата со мачеништво“, кажа 45-годишниот премиер Ахмед во соопштение објавено на социјалните мрежи.
Во изјавата на премиерот, поранешен војник, не се кажува каде точно ќе оди денес. Неговата портпаролка Билен Сејум не одговори на барањата за коментар.
„Ајде да се најдеме на боиштето“, порача Ахмед. Во неговата изјава се тврди дека Западот сака да ја порази Етиопија.
Претставници на Африканската унија и САД ги продолжија дипломатските напори во обид за прекин на огнот и разговорите за политичко решение.
Бидејќи ривалските сили на регионот Тиграј се приближија до главниот град Адис Абеба, владата на Етиопија претходно месецов прогласи вонредна состојба.
Премиерот во својот говор кога ја прими Нобеловата награда за мир за 2019 страсно зборуваше за војната: „Ползев до мирот низ правливите воени ровови пред многу години… Од прва рака ги видов ужасите на војната во борбите на линијата на фронтот… Војната е олицетворение на пеколот за сите кои во неа учествуваат. Знам дека бев таму и се вратив“.
Ахмед ја доби Нобеловата награда за мир за успешното завршување на конфликтот со Еритреја.






