вторник, 5 мај 2026

Пред карантинот за невакцинираните, навалица за вакцини во Австрија

Објавено на

часот

Сподели

Така, неколку стотици виенчани денеска околу 11 часот чекаа во долга редица за вакцинација на најголемиот пункт „Виена Австрија центар“.

Вакви редици може да се забележат од пред само неколку дена, кога австриската влада донесе одлука за промена на правилата „2Г“, односно дека во угостителските, забавните и културните објекти може да влезат само лица што биле вакцинирани или го прележале коронавирусот.

По најавата дека ќе се воведе карантин за невакцинираните, редиците уште еднаш „пораснаа“.

Во петокот 88.712 лица примиле вакцина против коронавирусот во Австрија, што е најголем број од почетокот на јули.

Од нив 23.473 биле први дози, а најголем дел од нив и натаму се засилувачките дози.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ