Пожарот кај Матаса зафатил трева, ниски растенија и џбунови на засега неутврдена површина.
Во гасењето на пожарот учествуваат 56 пожарникари со 17 пожарникарски возила, како и три канадери и три ер-трактори.
Истовремено, општинскиот пожарникарски оперативен центар во Сплит примил дојава за пожар на отворен простор во областа Бителица.
Во гасењето на пожарот учествуваат 43 пожарникари со 15 возила, еден канадер, два ер-трактори и еден хеликоптер Ми-8.
Хрватската пожарникарска служба повторно ги предупреди граѓаните на забраната за палење каков било оган на отворено.
[video:https://youtu.be/aPkcT4H2FSY autoplay:0]





