Се покажа дека само една третина од заразените со подвидот на делта сојот познат како „AY.4.2“ развиле „класични“ симптоми на ковид-19, додека кај оригиналниот делта сој (AY.4) речиси половина од испитаниците ги имале.
Кај луѓето заразени со делта плус сојот, две третини развиле какви било симптоми на ковид-19, додека кај оние кои се заразиле со делта сојот, три четвртини имале барем еден симптом на болеста.
Се покажа дека подвидот на делта сојот нешто полесно се пренесува, но не се покажа дека предизвикува потешки форми на болеста или дека ги прави вакцините против него помалку ефикасни.
„Се покажа дека нешто полесно се пренесува, но и дека е помалку симптоматски, што е добро“, вели епидемиологот Пол Елиот.
Империјал веќе објави делумни резултати од истражувањето кои покажуваат дека оваа верзија на вирусот беше на врвот на ширење во октомври, а најмногу заразени биле децата.
Комплетните резултати од истражувањето спроведено во периодот од 19 октомври до 5 ноември го потврдија она што го покажуваа дневните резултати – падот на дневниот број на заразени бил поврзан со училишните празници кон крајот на октомври.
Истражувањето покажа и дека т.н бустер доза на вакцината го намалува ризикот од инфекција кај возрасните за две третини во споредба со луѓето кои примиле две дози.






