Околу 17,7 милиони лица или 90,8 проценти од возрасната популација на Пекинг се вакцинирани до 21 јули, соопштија градските власти на социјалните мрежи во четвртокот. Тоа е приближно 80,8 проценти од вкупното население во градот од 21,9 милиони жители.
Постигнат е значителен напредок во целосната вакцинација на возрасните и во другите поголеми кинески градови. Стапките на вакцинација во Шангај и Вухан надминуваат 80 и 77 проценти, соопштија локалните власти.
Кина соопшти дека до 21 јули употребила 1,49 милијарди дози вакцина, но не се откриени податоци за целата земја за тоа колку луѓе биле целосно вакцинирани.
Кина очекува да вакцинира најмалку 70 проценти од целните групи до крајот на годината.
Текот на вакцинацијата во Кина е забавен на просечно 11,8 милиони дози на ден во јули, во споредба со 20 милиони во јуни.
Стапката на вакцинација во некои провинции заостанува зад стапката во големите градови.
Северната провинција Шанкси има 46,7 проценти од возрасните со примени две дози до 20 јули, а источната провинција Жеџијанг целосно вакцинирала 49,8 проценти од возрасните до 19 јули.
Кина очекува да вакцинира најмалку 70 проценти од целните групи до крајот на годината, изјави заменик-шефот на Националната здравствена комисија Зенг Јиксин за новинската агенција Ксинхуа минатиот месец.
Шанкси има за цел да достигне стапка на вакцинација од најмалку 91,2 проценти кај оние над 12 години во втората половина на оваа година, иако не е наведено дали таа цел вклучува целосна вакцинација или не.






